
Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во март изнесувала околу 630 евра.
Просечната плата (бруто) за март 2022 година била 102.781 динари (околу 875 eвра), а просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 74.664 динари (околу 630 евра). Податоците ги објави Републичкиот завод за статистика на Србија (РСЗ). Растот на бруто и нето-платите во периодот јануари-март 2022 година, во однос на истиот период минатата година е 13,4 отсто, а реално 4,3 отсто. Просечната нето плата за март 2022 година е 55.146 динари (околу 470 евра), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до наведената сума, соопшти РСЗ. Македонија има просечна плата од 505 евра. Во регионот, подобри сме само од Косово.
foto freepik.com






