Путин (ќе) дели пасоши во проруските региони во Украина

Рускиот претседател потпиша указ за поедноставување на доделувањето државјанство на Руската Федерација на жителите на регионите Запорожје и Керсон во Украина.



Документот е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.

Претходно, членот на главниот совет на воено-граѓанската управа на регионот, Владимир Рогов, изјави дека е исклучено враќањето на регионот Запорожје под украинска контрола, како и дека иднината на регионот може да биде само дел од Русија.

Тој додаде дека во ослободениот дел на регионот Запорожје е воведена бивалутна зона, односно дека може да се плаќа и во гривни и во рубли.

Претходно заменик-шефот на воено-цивилната администрација на регионот Кирил Стремусов најави дека властите на Херсонската област ќе испратат барање до претседателот на Русија за вклучување на овој регион во Руската Федерација.