„Европа тешко ги разбира заплетканите историски разговори, бидејќи мора да ја отвори Пандорината кутија за сопствената историја, а таа не сака да го направи тоа. Но, Европа ги разбира многу добро човековите права и слободи. И затоа фер е барањето Бугарите во Северна Македонија да бидат составен дел од македонскиот Устав“, вели за БНР,бугарскиот европратеник и известувач на ЕП за земјава, Илхан Ќучук. како што пренесува МИА.
Тој вели деанНелогично и тешко е да се објасни тезата дека ќе ја пуштиме Албанија да отпочне преговори со ЕУ, а за Македонија ќе го гледаме прашањето од историски аспект.
„Бугарија нема за што да се грижи, најмалку да се обидува да избегне искрен, отворен разговор со Северна Македонија – како за минатото, така и за иднината. Но, очигледно е дека од национална гледна точка немаме јасно изразена позиција на ниво на власт. Ако оваа Влада треба да се критикува аргументирано – тоа е неможноста да постигне консензус за клучните прашања. Едно од нив е С. Македонија, другото е односот кон Украина“, коментира Илхан Ќучук.






