Наместо зголемување на платите, синдикалците ќе добијат нова методологија за мерење на продуктивноста. Се чувствуваат изиграни. Револтирани поради тоа што Владата со новиот ребаланс на буџетот, нема да го исполни ветеното линерално зголемување на платите од 2.800 денари на вработените во јавниот сектор, најавуваат генерален штрајк. Ќе остават простор уште неклку дена за да добијат покана за средба во Владата, а ако тоа не се случи излегуваат на улица.
-Ова не е начин на комуникација. Незадоволство има огромно од ваквиот однос во 5 до 12 да се утврдува дека сега ќе правиме методологија и оценување, тоа само кажува колку владата ги почитува вработените и работниците во земјава, вели Трпе Дејановски од УПОЗ.
Вчера министерот за финансии Бесими во својата нова колумна напиша дека е потребно да се креира нова сеопфатна методологија, со која ќе се прилагодуваат платите во јавниот сектор.
“Во оваа методологија ќе се вреднува продуктивноста, како и одржувањето на стандардот (растот на реалната плата и инфлацијата). Соодветно кога ќе се постави методологијата ќе се наменат и средства”, пишува Бесими.
Пред извесно време синдикатите побараа линеарлно зголемување на сите плати во јавнито сектор поради растот на минималецот на 18 илјади денари, но и поради порастот на цените на производите и на енергенсите. Ако не ги добијат овие пари велат дека од септември ќе бараат зголемување на примањата до 18 ,4 отсто онолку колку што се зголеми минималната плата.





