Зеленски незадоволен од Запад за испораката на оружје, за санкциите кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Западот му недостига единство за испорака на оружје и друга поддршка за неговата земја.



„Моето прашање е дали ова единство постои во пракса? Не можам да го видам тоа“, рече тој, говорејќи преку видео линк на Светскиот економски форум во Давос.

Тој ја критикуваше неможноста на Европската унија да се договори за шестиот пакет санкции насочени кон извоз на руски горива што дополнително сигнализира недостаток на единство.