Долга е сенката на СДСМ, во која се ладат Мисовски и Мираковска, стои во текстот на Бранко Героски во порталот Плусинфо во кој се анализираат состојбите во НСДП која досега ја водеше Тито Петковски.
,,После валканите игри кои резултираа со тоа Горан Мисовски да биде прогласен за единствен кандидат за наследник на Тито Петковски на лидерската позиција, на конгресот 4 јуни сепак ќе биде предизвикан од Кристијан Трајковски, предводник на младото крило во партијата”, пишува Героски за конфликтот меѓу фракциите во НСДП.
Едната од фракциите е под релативна контрола на СДСМ а другата се залага за автентична самостојна политика на партијата.
,,Младите кадри, кои за себе велат дека се прогресивни, прв пат сериозно му се спротивставија на крилото на Мисовски за време на парламентарните избори во 2020 година, кога СДСМ ги наметна Мисовски и Мираковска како кандидати за пратеници. Тогаш младите посакаа НСДП да изработи комуникациска стратегија која нема да биде во сенка на СДСМ, но наидоа на жесток отпор.
Лани во април, за потребите на партијата било изработено сериозно истражување на јавното мислење, за тоа како граѓаните ја перципираат НСДП и кои се развојните патеки на партијата и нејзиниот опстанок како посебен политички субјект. Истражувањето покажало дека изборниот потенцијал на партијата е околу 4 отсто на избирачкото тело, но под услов самостојно да се настапи на локалните избори. Истражувањето исто така потврдило дека народот од НСДП се очекува нова програма, нови кадри и осамостојување од СДСМ.
СДСМ го користи „расколот“ во НСДП
Врз основа на резултатите, Манев, Трајковски и лидерот Тито Петковски, во пресрет на локалните избори, ќе се обидат да се борат за отворање на партијата кон анимирање за политички ангажман на партиски непрофилирани лица, докажани во својата професија. Пред самите локални избори, НСДП ќе понуди и неколку такви лица за кандидати за градоначалници и сите одлично поминале во анкетите на СДСМ, но немало политичка волја да се поддржат”, пишува Героски.
Целиот текст на овој линк






