Партијата на Борисов бара 24 Мај да стане бугарски национален празник

ГЕРБ предлага 24 мај да се прогласи за национален празник и патријата на екс-премиерот Бојко Борисов ќе поднесе предлог за промена на Законот за работни односи.



Од партијата велат дека 24 мај го признаваат и слават сите бугарски граѓани без исклучок.

„Ако мерката е учество на народот, тогаш денот 24 мај е неоспорен и преовладува. Ова вчера го видовме сите – најмногу луѓе на улиците, најмногу насмевки на лицата на сите“, рече поранешниот посветен министер и актуелен пратеник на ГЕРБ, Красимир Валчев..

„Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука и култура е токму таков датум. Тоа не е поврзано со крвопролевање, битки и противења, туку е триумф на духот и образованието воспитано од бугарската државност“, нагласи Красимир Валчев.