„СкопјеИнфо“: Тешка сообраќајка утрово кај „Веро“ во Тафталиџе

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на раскрсницата кај „Веро“ во Тафталиџе, јави СкопјеИнфо. 



Според очевидци, се судриле мотоцикл и возило „бмв x3“, а на терен интервенирала екипа на Брзата помош. 

Мотоциклистот е пренесен на Ургентен, а за состојбата на останатите учесници во сообраќајката не се знае.