Твитерџијата Мирослав од Ниш, чиј татко е Македонец, а мајка Србинка, се радува на сослужувањето во Скопје на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Српската православна црква (СПЦ), која денеска ѝ ја призна автокефалноста.



„Денеска во Скопје се служи света литургија меѓу Македонската православна црква и Српската православна црква. Сега душата ми е на место. По татко сум Македонец. Татко ми е од Прилеп, а мајка ми Србинка од југот на Србија, Лесковац, а јас роден во Ниш. Конечно, единство. Да живеат Србија и Македонија“, твитна Мирослав на мешавина од српски и од македонски јазик.