Благ пад на цената за барел нафта, храната поскапува

Цената за барел нафта бележи блат пад односно намалување за околу !%. Ако вчера беше 113 долари за барел, денеска изнесува 113. Цената на нафтата на американскиот пазар, пак, е 109 долари.



Во меѓувреме, пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 29.351 долар, што е намалување за речиси 3% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во црвено.

Од утрово поскапуваат житарките. Цената на пченицата е 1.190 долари за тон, што е пораст од речиси 2 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 786 долари, што е зголемување за околу 1 процент во однос на вчера.