Колумбија ќе испрати воени инженери да ги обучуваат украинските војници за деминирање, објави АП.
„11 колумбиски воени инженери ќе обучуваат украински војници за воено деминирање“, напиша министерот за одбрана на латиноамериканската земја Диего Моланона Твитер.
Според министерот, специјалците ќе бидат стационирани во една од соседните земји кои се членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).
Колумбија има огромно искуство во деминирање стекнато во многу години борба против локалните нарко картели.






