Руски дипломат: Желбата на Зеленски да се сретне со Путин е ПР
Димитри Пољански, заменик-претставникот на Русија во ОН, изјави дека желбата на украинскиот претседател Зеленски да се сретне со Путин е само пи-ар, пренесува руската ТАСС.
„Подготвеноста на Владимир Зеленски да се сретне со рускиот претседател Путин за продолжувањето на преговарачкиот процес е само пи-ар. Луѓето кои не се запознаени со ова не разбираат дека таквите разговори на самитот мора да бидат темелно подготвени. Агендата мора да биде договорена од двете страни, одредени чекори треба да се направат, во спротивно, нема потреба од разговор“, изјави Пољански.
Тој вели дека Русија не е таа што ги замрзна преговорите.
Но, тој вели дека се воспоставуваат некои контакти и дека Русите чекаат Украинците да одговорат на неодамнешните предлози.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на 13 мај објави дека Москва не одбива средба меѓу лидерите на Русија и Украина, но дека е невозможно да се одржи без подготовка.






