„Не можам да прифатам каков било вид на средба со некој што доаѓа од Руската Федерација освен со претседателот“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, обраќајќи се преку видео врска на Светскиот економски форум во Давос.



Според него, претседателот Владимир Путин е единствениот руски функционер со кој е подготвен да се сретне за да разговараат за тоа како да се стави крај на војната.

Зеленски, исто така, рече дека договарањето на какви било разговори со Русија станува потешко во светлината на, како што рече, доказите за руските акции против цивилите под окупација.

„Претседателот на Руската Федерација одлучува за се“, рече Зеленски.

„Ако зборуваме за завршување на оваа војна без него лично, таква одлука не може да се донесе.

Вели дека и нема други основи за друг вид на средба, освен за ставање крај на војната.

Руските и украинските преговарачи водеа спорадични разговори откако руските сили навлегоа во Украина на крајот на февруари, но двете страни велат дека разговорите се заглавени.