„ДУИ која произлезе од војната, подоцна претворајќи се во ‘зелената партија’, од неодамна е и ‘партија за талава-музичкиот стил’, откако најави дека на дводневната прослава на 20-годишнината од основањето во Тетово и Скопје ќе има 9 познати пејачи. Но, кај граѓаните остануваат дилемата и стравот, бидејќи ДУИ слави со огнено оружје и дожд од куршуми, дури и на најмалите прослави како што се победите во општините. Но, човечкиот живот вреди повеќе од основањето на партијата.“ – вели информативната агенција „Журнал“ во својот редакциски коментар со наслов „Треба ли граѓаните да носат заштитен панцир-елек по повод 20-годишнината од основањето на ДУИ?“
„Журнал“ пишува: „Сега 20-годишнината од втемелувањето на ДУИ се смета дека ќе биде најголемата прослава и прашањето е: дали покрај песните и ората ќе прославуваат и со огнено оружје, како порано? Тоа е дилема, која влијае врз безбедноста на граѓаните, па затоа не е лоша препораката за носење заштитни панцир-елеци.“
„Заштитните елеци не се користат само во војна, туку секаде каде што постои опасност од судири и куршуми со огнено оружје. Такви се досегашните десеттици случаи кога прославувањата се претворија во трагедија како последица на невнимателноста и употребата на оружја при празнувањата и прославувањата. При прославувањето на победата на ДУИ во Чаир, прослава организирана на истиот плоштад ‘Скендербег’, каде што ќе се одбележува и 20-годишнината на оваа партија. На тоа тогашно прославување се пукаше со рафали, а штотуку избраниот претседател на општината Чаир ја одмолчи опасноста, што се закануваше, но која, за среќа, заврши без трагедија.“
„Ваквите прославувања можат да претставуваат опасност и за учесниците во нив, како и за случајните минувачи. Тоа се постапки, кои претставуваат опасност за секој граѓанин да стане жртва, поради прославувањето на неконтролиран начин. Оваа лоша и штетна традиција за граѓаните се тврди дека се прави од две причини: за прославување, но и за намерно заплашување на граѓаните.“
„Инаку, 20 години порано во декларацијата за основањето на партијата во Тетово на 5 јуни 2002 година, во точката четири на таа декларација беше наведена ‘целосната примена на Охридскиот договор, додека на 20-годишнината од овој договор од истата партија повторно ветија дека тој ќе биде целосно спроведен. Што значи дека ниту по 20 години не е применет овој договор од страна на ДУИ, која под тепихот во своето седиште го чува вториот клуч на Владата.“





