И социјалистите ќе ја напуштат владата на Петков ако Македонија добие преговори со ЕУ

Бугарската социјалистичка партија најави дека ќе ја напушти владината коалиција доколку Македонија добие преговори со ЕУ, порача пратеникот од редовите на партијата Румен Гечев, пренесуваат бугарските медиуми.



Според него, покрај движењето „Има таков народ“ предводена од шоуменот и политичарот Слави Трифунов, коалицијата предводена од “Продолжуваме со промената“ ќе ја напуштат и социјалистите.

Покрај „Има таков народ“, кои ќе ја напуштат коалицијата доколку се даде зелено светло за преговори со С.Македонија без исполнување на критериумите, тоа ќе го направи и БСП – изјави Гечев.