Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска од Рим порача дека е потребен широк консензус за прашањето поврзано со ветото за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ.
„ За некои работи мора да постојат јасни црвени линии – како што е темата за корупција. Но, за национално прашање како ова е толку важно што никој нема право да го прави тоа сам. Мора да има заедничка согласност. Потребен ни е широк консензус кој ќе ја вклучи коалицијата и делови од опозицијата“ рече Петков.
Бугарскиот премиер кој е во официјална посета на Рим и Ватикан, рече дека би бил среќен претседателот да го свика Советодавниот совет за национална безбедност, бидејќи има многу нови информации за разговор.
Радев сака да го слушне ставот на Петков за Маедонија
Премиерот за новинарите изјави: „Ако не сме во ист чамец, неединството ќе не направи послаби“.
Тој ја истакна важноста да се има заеднички пристап и консензус и во владејачката коалиција и со некои опозициски партии.
Претседателот Румен Радев одбива да го свика Советот, и инсистира бугарската влада да ги почитува декларациите на Парламентот и БАН во однос на Македонија.
„За укинување на ветото може да се зборува откако Министерството за надворешни работи ќе ги презентира последните резултати од напредокот во овој дијалог“, рече премиерот. Тој додаде дека дури тогаш овие резултати треба да бидат доставени до Народното собрание кое ќе зборува и ќе изнесе јасен став за тоа што треба да направи бугарската влада.






