Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Белград, Подгорица, Сараево и Тирана ја претстави идејата за „европската геополитичка заедница“, која според него, ќе им помогне на земјите кои сакаат да се приклучат на Европската Унија, бидејќи тоа ќе го олесни нивниот процес на зачленување.
Според извештаите, предлогот на Мишел е заснован на идејата на Емануел Макрон. Францускиот претседател оваа идеја ја промовираше во светло на украинската криза, дека ЕУ треба да размислува на формирање на нова заедница заснована на безбедносна и на енергетска платформа, која ќе ги обедини Украина, Молдавија и Грузија.
Набргу потоа, поддржана и од Германија и Италија, на оваа идеја се додадоа и земјите на Западен Балкан. ЕУ веднаш, безрезервно, го поддржа формирањето на „европската
геополитичка заедница“, а Мишел веднаш ја прошири таа идеја по Балканот.







