Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека би бил подготвен да употреби и сила за да го одбрани Тајван, pпренесе Си-ен-ен
Коментарот на Бајден, даден за време на неговата прва посета на Токио по преземањето на функцијата претседател, прозвучи како отстапување од американската политика на таканаречена стратешка двосмисленост кон Тајван.
Кина го смета островот за своја територија, дел од „Една Кина“ и вели дека тоа е најчувствителното и најважното прашање во нејзините односи со САД.
На новинарско прашање дали САД ќе го бранат Тајван доколку биде нападнат, претседателот Бајден одговори: „Да. Тоа е обврска што ја презедовме“, рече тој.
„Ние ја следиме политиката на Кина. …Но идејата дека (островот) може да се земе со сила, , едноставно не е прифатливо“ рече Бајден.
Тој додаде дека очекува да се случи таков настан или да се направи таков обид…
По коментарите на Бајден, претставник на Белата куќа рече дека нема промена во политиката кон Тајван.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД не треба да ја бранат независноста на Тајван.






