Бугарскиот претседател одбива да одговори на прашањето дали ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност за Македонија, како што побара премиерот Кирил Петков.
„Од зборовите на претседателот стана јасно дека тој нема намера да го стори тоа, бидејќи не гледа каков заеднички став треба да се постигне“, пренесуваат бугарски медиуми.
Радев вели дека Советот за национална безбедност е тело за поддршка на дијалогот и барање заедничко решение во име на важна национална цел…
Затоа сака да слушне дали премиерот го прекинал дијалогот во коалицијата. Доколку е така, според шефот на државата, мора да се видат причините за тоа.
Дополнително, очекува од Кирил Петков да дознае дали има напредок од страна на РСМ на нејзиниот пат кон полноправно членство во ЕУ, и дали има промена од страна на европските партнери на Бугарија.






