Екс советник го нападна Пендаровски дека имал недоречени мисли за Делчев

Поранешен советник на претседателот Пендаровски кој беше сменет по неколку пробугарски изјави го обвинува шефот на државата дека ја збунил јавноста со својата изјава дека Гоце Делчев се декларирал за Бугарин.



Професорот Денко Малески во колумна за Плусинфо вели дека во Макеоднија има идеологизирана наука која фрла ,,мрачни сенки” кон политиката.

,,Недоречените мисли на претседателот на државата за Гоце Делчев и на копретседателот на историската комисија, за некои од начините на кои се пишувала нашата историја, само ја збунија јавноста. Наскоро политичарите и историчарите почнаа да си ја префрлаат вината едните на другите. Првите бараа од историчарите да го пробијат патот кон ЕУ, но беа соочени со обвинувања за „мрачната сенка на политиката врз науката која сѐ уште господари со минатото“. За „мрачните сенки“ на идеологизираната наука врз современата македонска политика воопшто не стана збор”, пишува Малески кој претходно изјави дека Македонија има заедничка историја со Бугарија.

Тој сега повторно сака да наметне теза дека Македонија греши што не признава заедничка историја со Бугарија.

,,Можно ли е и овој пат во нешто да грешиме? Имено, дека, според западните книги од кои го стекнале образованието денешните европски политичари, двата посебни народа македонскиот и бугарскиот, сепак, имале некаква „заедничка историја“?”, пишува контрадикторниот екс советник на Пендаровски кој постојано изразува пробугарски ставови иако неговиот татко го напишал текстот за македонската химна.

Колумната на Малески на овој ЛИНК