Плевнелиев: Што крие премиерот Петков од бугарската јавност за спорот со Скопје!

И поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев,(2012-2017) се вклучи во клритиките на актуелниоѕт премиер Кирил Петков по барањето претседателот Радев да го свика советот за безбедност по прасшањето околу Македонија.



„Премиерот во никој случај не може да му диктира на претседателот кога и кога како да се свика Советот …Овој повик на премиерот Петков до Радев го сметам за доста проблематичен и политичка грешка.

Овој апел кај бугарскиот народ остава впечаток дека премиерот нешто крие, а не кажува и одговорноста ја префрла на советот, пренесе БГНЕС

„Ако премиерот преговарал, се обврзал, одлучил дека тоа е добро за Бугарија, тој лесно може да ги разјасни своите аргументи во рамките на коалиционите партнери во Националното собрание, каде што е и во Комисијата за надворешна политика на парламентот, и пред да донесе каква било одлука .

Петков и Ковачевски утре ќе се сретнат во Рим

ИТН: Не се пазариме за Македнија

Плевнелиев верува дека сега е неопходно Бугарија и Македонија заедно да исковаат решение за проблемот – колку повеќе одложуваме, толку повеќе е лошо за нив и за нас.

И уште нешто: целта на бугарскиот народ и народот на РСМ како два братски народи треба да биде да се најде решение, затоа што се давиме во опозиција, омраза и популизам, а се што се случува никако не е во нашиот интерес…вели поранешниот пертседател.

Запрашан од каде „надворешниот притисок, на кој Бугарија нема да подлегне“, како што најави премиерот Петков пред неколку дена, Плевнелиев коментира дека е јасно од каде доаѓа овој притисок, иако Петков конкретно не кажува:

„Премиерот може едноставно да посочи од каде доаѓа овој притисок: и од американската влада и од ЕУ, од ЕК и од сите земји од ЕУ, од Германија и Франција до најмалите…