,,Човекот и светот се целина, па така младиот човек постојано тежнее да го осознае и разбере светот околу себе. Стануваме возрасни токму кога ќе почнеме со нашите умови да ги обмислуваме големите животни и општествени прашања и изнаоѓаме решенија за кои мислиме дека се исправни. Со оглед на трагичната состојба во која ја затекнавме Македонија, не е ни за чудење што моите врсници гледаат како побрзо да ги снема од овде. Но дозволете, барем на момент да ви укажам на нешто”, порачува најдобриот од најдобрите македонски студенти на најдобро рангираниот македонски универзитет ,,Кирил и Методиј”.

Радован М. Спиридонов е скорешно дипломиран политиколог на програмата по меѓународни односи на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Истовремено, тој е и студент и на програмата по филозфија.
Досега има напишано повеќе студентски академски трудови, при што преобликувањето на светскиот поредок, феноменологијата на политичките идеологии и егзистенцијализмот се издвојуваат како полиња на негов интерес.
Спиридонов своето досегашно професионално искуство го стекнал преку ангажман во Центарот за истражување и креирање политики, но и преку вклученост во повеќе младински граѓански организации.
Учествувал во повеќе младински европски проекти од областа на политичкото делување. Исто така, тој е стипендист на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Дипломскиот труд му беше посветен на Сингапур и филозофијата на владеењето која тамошните лидери ја применија за брз раст и развиток на државата.
,,Филозофијата не нуди лесни одговори, ниту пак е едногласна. Филозофското живеење и разбирање на светот гради личности со карактер налик оној на Сократ. Сократ живеел според мотото: Спознај се себеси! Одбивал да прифати еднострани објаснувања или, пак, да го покори својот ум на традиционалната мудрост на своето време. И на вистина еднсотавната максима ‚‚Спознај се‘ себеси!‘‘ илјадници години не движи кон испитување на она што е правилно и вистинито.
Кога Спиридонов има сомнеж во своите аспирации за општествена промена секогаш се присетувам и на една друга максима.
,,Во времето пред големите географски откритија на новите континенти Европејците велеле дека на преминот кај денешен Гибралтар кон бескрајната шир на Атлантикот ќе ве дочека натпис: Понатаму нема да одиш! Но храбрите истражувачи не се грижеле за предупредувањето туку гласно извикале PLUS ULTRA! (Оди уште подалеку!)
И така открија еден нов свет.
Би сакал моите врсници кога ќе ги зафати апатија поради лудилото кое го живееме во македонското општество, да помислат на оваа максима.
Можеме да постигнеме и повеќе од што било кој се надевал и доколку сме храбри да ги согледаме политички проблеми и тимски да понудиме практички политички решенија за едната и единствена држава која ја имаме – Македонија”, вели најдобриот македонски студент Спиридонов.

Наградата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за најдобрите дипломирани студенти, златник со ликот на светите Кирил и Методиј, за учебната 2020/2021 година ја примија студенти од повеќе факултети при универзитетот.
Покрај Спиридонов, пофалници за особен успех добија и Светлана Стамевска, студиска програма по историја и Јулија Митревска, студиската програма по историја, што укажува на значењето и интересот за проучување на историјата.
Наградата „26 јули” ја доби ја Теодор Јуруковски, исто така студиска програма попсихологија, која се доделува на студентите од завршните години.
Филозофскиот факултет е горд на своите студенти кои со ентузијазам и посветеност постигнуваат извонредност во образованието и науката.
Доделувањето на пофалниците и пригодните награди на најдобро дипломираните студенти од страна на Ректоратот на УКИM се одржа на платото пред Универзитетот.
Дел од студентите лауреати се уште не се објавени од нивните матични факултети.






