Ќе се дозволи да се работи и во недела во туристичките места, вклучувајќи ги Охрид и Струга, и во трговија на мало и на големо, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, пред средбата со трговци од охридско-струшкиот регион.
Тој рече дека измените и дополнувањата на Законот за трговија кои сќе го овозможат тоа се поднесени во Собрание, а се очекува најкасно за две недели да почне примената на новото, изменето законско решение.
Целта е, вели Бектеши, сите стопанствениците да имаат поголема можност во делот на зголемување на економската активност, имајќи ги предвид, рече, податоците за првите месеци, посебно во првиот квартал во делот на зголемување на туристите и тоа што е најавено во текот на летото кога има резервации, како и согласно сите податоци што ги има Агенцијата за туризам за странски туристи кои ќе ја посетат Македонија, посебно регионот на Охрид и на Струга.






