Македонски новинар со навредлива порака до
Бугарскиот претседател Румен Радев.
Новинарот Зоран Иванов, кој беше сменет од одборот на државната новинска агенција МИА поради неговите навреди кон бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, повторно се обраќа до бугарски политичар.
Овојпат цел на неговиот коментар е претседателот Румен Радев, кој е еден од најрадикалните бугарски политичари по прашањето на Македонија.
,,Радев мисли дека ние овде Македонците нафта пиеме па ќе му прифатиме негов пакет во преговарачката ЕУ рамка. Глу..ерда Живкова”, му порача Иванов на Радев кого го смета за наследник на бугарскиот диктатор Тодор Живков кој се смета за творец на бугарската антимакедонска доктрина.

Бугарија инсистира нејзината листа барања кон Македонија да биде вклучена во текот на преговорите со ЕУ.
Тоа би значело дека целата Унија ќе врши притисок врз било која идна Влада на Македонија да ги исполни барањата кои бугарското Собрание ги постави во 2019 година – според кои треба од корен да се смени историјата на Македонија и македонскиот национален идентитет, и тие да ги одразуваат бугарските ставови.





