Држејќи го пехарот наменет за светскиот шампион во присуство на бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва, претседателот Стево Пендаровски излезе со супер оптимистичка желба за „нашата“ фудбалска репрезентација.



„Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ. Доаѓањето на славниот трофеј меѓу македонските навивачи и вљубеници во фудбалот, во присуството на бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва е фудбалска историја“, констатира Пендаровски.

Македонија нема настап на фудбалските мундијали, а најблиску до тоа беше во годинашниот бараж, кога во полуфиналето го елиминира бранителот на трофејот Италија со 1:0 во Палермо, за во финалето во Порто да загуби со 2:0 од Португалија.