Хоџа: Заминување на младите, партизација на институциите, народ без леб – тоа ли ќе слави ДУИ?!

„Каква прослава подготвува ДУИ за Албанците?!“ – прашува Аријанит Хоџа, генералниот секретар на опозициската Беса на својот фејсбук-профил, како реакција на објавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети на неговиот официјален фејсбук-профил дека „на 3.јуни на плоштадот ‘Скендербег’ во Скопје, а на 4 јуни 2022 година на плоштадот ‘Илирија’ во Тетово ДУИ ќе приреди прослава за сите, бидејќи како партија таа сака заеднички да се одбележи 20-годишното патување и заедничките постигнати успеси“.



Оспорувајќи ги ‘успесите“ на ДУИ како партија, Аријанит Хоџа пишува како гледа тој на реалноста: „Заминување на илјадници млади од татковината како последица на погрешните политики!“
„Целосна партизација на институциите, односно фаворизирање на оние, што се со ‘мајката-партија’, а протерување на сите други, кои што мислат поинаку.“
„Убиството на надежта на албанската младина не може да се надомести со ора и песни.“
„Кога многу семејства не постигаат да си го обезбедат лебот, за да се прехранат, ДУИ троши илјадници евра, со цел да го покрие нивниот неуспех со песна и оро!“
„Време е да му кажеме СТОП на ова потценување, кое што ни се прави како на народ.“