Шахистот Каспаров и бизнисменот Ходорковски прогласени за шпиони

Министерството за правда на Руската Федерација ги вклучи Михаил Ходорковски и Гари Каспаров во списокот на шпиони на странските агенции.



Според руското Министерство за правда, Ходорковски и Каспаров биле вклучени во политички активности, финансирани од Украина и САД.

Ходорковски (58) е руски бизнисмен, претседател на нафтената компанија „Јукос“ и јавна и политичка личност, во 2005 година, тој беше осуден за измама и други кривични дела од страна на рускиот суд и осуден на девет години затвор. Во 2013 година тој беше помилуван од претседателот Владимир Путин, а потоа ја напушти Русија.

Каспаров (59) е советски и руски шахист, светски шампион во шах кој учествувал во опозициските движења и ја напуштил Русија во 2013 година.