Литванија се откажа од руските нафта, струја и гас

Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека земјата од утре нема да увезува струја, нафта игас од Русија.



Министерот за енергетика Даиниус Кравис изјави дека ова е важна пресвртница не само на патот на Литванија кон енергетска независност, туку и израз на солидарност со Украина, пренесува литванскиот портал Делфи.

„Не можеме да дозволиме нашите пари да ја финансираат руската воена машина“, рече Кревис.

Потребите за гас на Литванија се задоволуваат од терминалот за ЛНГ во Клаипеда, каде гасот доаѓа од САД, а кога станува збор за електрична енергија, Литванија ќе се потпира на производството и увозот од земјите на ЕУ преку Шведска, Латвија и Полска.

На почетокот на април Литванија престана да увезува гас од Русија.