Малески: „Заедничка историја“ е заедничка историја

(…)



„македонските политичари кои тргнаа по патот на нормализирање на односите со Бугарија и потпишаа Спогодба за пријателство и доброседство, мораа да останат доследни на потпишаното.

Наместо тоа, во моментот кога им стана јасно дека „заедничка историја“ всушност значи „заедничка историја“, се повлекоа пред вербалните напади на бугарските националисти и антибугарските чувства во Македонија“ пишува професорот Денко Малески во колумна за „Плусинфо.

Првиот МНР , во тоавремеМминистер за односи со странство во независна Макдонија вели дека „да стоиме во место и да не разговараме со ЕУ и со Бугарија е најлошата опција за нашата држава“.

„Ако се согласиме на преговори нашата појдовна позиција ќе биде нашата резолуција на собранието и нашите документи. Тоа ќе биде и позицијата на Бугарија: нивната резолуција и нивните документи. Двете резолуции, како што знаеме, се исклучуваат една со друга и не нудат решение.

Десет години, колку што би ни требало до полноправно членство, се долг период во политиката. Толку долг што велат дека, во сите напишани книги, никој не погодил каков ќе биде светот после десет години.

Ако е така, најстрашно што може да им се случи на двете земји , и после десет години, е да не се поместиме ни за милиметар напред од спротиставените резолуции по прашање на историјата. Тогаш, реформирани со поддршка на европските фондови, можеме да кажеме „не“ на членството во ЕУ, опција која треба да биде нагласена и во заедничкиот документ доколку таков се потпише.

Да стоиме во место и да не разговараме со ЕУ и со Бугарија е најлошата опција за нашата држава“, оценува Малески.