Андоновски до Бугарите македонофоби: Ќутук нема шанси против камен

Водечкиот македонски литерат, писателот Венко Андоновски во својата најнова колумна вели дека ако некој сака да ја уништи Македонија ќе треба да води војна со нејзината пишана историја која е неуништива.



Тој се осврнува на нападите кон македонската историја, култура, идентитет од страна на соседите кои ги нарекува Македонофоби или луѓе кои имаат стравови од Македонија и Македонците.

,,Денес пишуваме на хартија. На неа потпишуваме политички договори за пријателство со непријателски настроени соседи. За среќа, хартијата може и да изгори, а политичарите не сакаат длето. Мачна е таа работа – клесање, а тие се господа. Затоа и се минливи. И сите оние што решиле да ја уништат Македонија, треба да знаат дека за да ја уништат ќе треба да поведат војна против нејзините камени записи. Овде секој камен си има своја историја врежана во него. Војна против камен досега, никој ниту повел ниту добил. Ни нуклеарно оружје не помага тука. Затоа, не плашете се од никого, дури ни од Бугарите – македонофоби. Ќутук против камен нема шанси”, пишува Андоновски во колумната за Нова Македонија.

Целата колумна на овој линк