Ватикан сака да посредува за мир меѓу Украина и Русија

Ватикан може да посредува во преговорите меѓу Украина и Русија, но, тоа може да се случи само под еден услов – да биде поканет од двете страни, изјави секретарот за меѓудржавни односи на Ватикан, надбискупот Пол Ричард Галагер.



Тој го изјави ова вчера на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

„За секој ангажман и посредување е потребна покана од двете страни. Доколку Светата столица добие покана од Украина и Русија да помогне на кој било начин во преговарачкиот процес… Ние би го поздравиле тоа и би се обиделе да помогнеме на секој можен начин“, рече Галагер.

Папата одби да се сретне со поглаварот на руската црква