2.000 војници се предале на руските сили – се огласи командантот на полкот „Азов“

Денис Прокопенко, командант на Азовскиот полк, кој ја брани фабриката за челик Азовстал во градот Мариупол, објави видео на социјалните мрежи откако официјален Киев објави дека ја прекинува одбраната на тој пристанишен град.



„Денеска е 86. ден од одбраната на Мариупол. Високото воено раководство дало наредба да се спасат животите и да се зачува благосостојбата на војниците и да престане да се брани градот.

И покрај тешките борби и условите во кои бевме, постојано ги повторувавме трите услови кои ни се најважни: Цивили, ранети и загинати во акцијата – вели тој.

Денис потоа во соопштението додава дека успеале да евакуираат цивили, дека на ранетите им била укажана потребната медицинска помош, како и дека успеале да ги евакуираат и да ги вратат на териториите под контрола на Украина.

„Што се однесува до паднатите херои, акцијата е во тек. И се надевам дека во блиска иднина роднините и цела Украина ќе можат чесно да ги погребаат. Слава на Украина“, објави тој.

Москва соопшти дека околу 2.000 војници им се предале на нејзините сили, бројка слична на проценките објавени од Министерството за одбрана на Британија.