Нема информации кои се 17-те „домаќинства“ кои трошат 10 отсто од вкупната струја и зошто трошат толку голема количина на струја, а ЕВН Хоум и Регулаторната комисија се прогласија за ненадлежни, пишува ТВ21.
На списокот до кој дојде ТВ21 е евидентирано дека како големи потрошувачи на струја се неколку џамии и цркви, приватно училиште, куќа на бизнисмен, и други…
Села: Се копаат криптовалути во училишта каде…
Приватно училиште од Скопје се пријавило дека е градинка за да плаќа помали сметки, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК
Но, од ЕВН велат дека овие домаќинства редовно плаќаат, без да се земе предвид колку и за што се троши внатре во објектот.
Од ЕВН додаваат дека нивните надлежности се за мрежниот дел до броилото, но не и за потрошувачката опрема внатре во објектот.
„Согласно законите во сила и политиката на приватност, забрането е за било која компанија давател на услуги во државата, на трети лица да им сподели лични податоци за корисниците“, велат од ЕВН.
И од Регулаторна велат дека се регулаторно тело и дека немаат детални податоци за тоа кои домаќинства трошат толку многу електрична енергија а појаснуваат дека меѓу домаќинствата кои се едни од најголемите потрошувачи спаѓаат овие станбени објекти, училишта, студентски домови, џамии, уметнички работилници итн.







