Велјановски: „Власта е нокаутирана’ – Демири: ‘Да ја испратиме ДУИ во опозиција“

„Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ‘Патот кон’ на Алсат оцени дека блокадата од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз работата на законодавниот дом е успешна, посочувајќи дека во последниот период во Собранието нема закажано никакви активности.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат ги пренесува акцентите од искажувањата на учесниците во „Патот кон“: „Оваа активна блокада е финале од сите работи, коишто се случуваа претходно и коишто доведоа до блокадата. Блокадата е навистина успешна. Власта е нокаутирана во моментов. Веќе 10 дена нема никаква активност закажана во Собранието’ – вели Велјановски.“

„Велјановски ги обвини владејачките партии дека не сакаат да се откажат од непродуктивните трошења, наспроти своите тврдења оти се добри економисти. ‘Од премиерот Ковачевски, кој беше заменик министер за финансии, слушаме дека ќе се скратат 100 милиони евра непродуктивни трошења, но и натаму има непродуктивни трошења, од кои власта не сака да се откаже и тоа е врз грбот на граѓаните’ – рече Вељановски.“

„Претставникот на Движењето БЕСА Абдуш Демири во ‘Патот кон’ на ТВ Алсат рече дека најлоша партија од албанскиот блок во земјава е ДУИ, која според него, иако долго време е на власт, не успеа да ја промени состојбата на Албанците. Демири во името на Движењето БЕСА уште еднаш ги повика сите албански опозициски партии да се обединат, за да ја испратат, како што рече, ДУИ во опозиција.“

„Движењето БЕСА е за соработка на албанските опозициски политички партии. Злото на Албанците е ДУИ, која долго време остана на власт и состојбата на Албанците никогаш не може да се подобри. Затоа, постојано повикуваме на обединување на албанскиот политички фактор, без ДУИ во овој случај, за да излеземе заедно на следните парламентарни избори и конечно да ја испратиме ДУИ во опозиција’ – изјави Демири.“

„ДУИ не ги зема како многу сериозни повиците за обединување на опозицијата, заради нејзино уривање од власта. Арта Зендели Билали од ДУИ ги оквалификува овие повици и ставови на опозицијата како стари, велејќи оти ‘не го даваат вистинскиот резултат’. Таа ја смета оваа постапка на Движењето БЕСА, сепак, како ‘легитимна.“

„Абдуш Демири во ‘Патот кон’ го повтори ставот на неговата партија и во врска со предвремените избори: „Како опозициски политички субјект и ние сме многу заинтересирани час поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори. Ќе ги искористиме сите можни демократски механизми, за да ја постигнеме оваа цел. Нашите пратеници во Собранието ќе бидат на оваа линија. Но, за иницијативи и проекти, за работи, кои се во директен интерес на граѓаните, секако ќе се гласа.“ – објави ТВ Алсат.