Уверување од бугарска страна дека нема да го блокираат почетокот на преговорите за членството на Македонија во ЕУ предвиден на самитот идниот месец побара Комесарот за добрососедство и проширување на ЕУ Оливер Вархељи кој денеска е во Софија на средби со претседолот Радев, премиерот Петков и минисетеркта за надврешни теодора генчовск.
Вархеји и на Твиорет сподели оптимистички статус
„По три недели се вратив во Софија за да пронајдам заеднички јазик и поддршка во Бугарија за почеток на преговарачкиот процес со Северна Македонија во јуни. Прв состанок со бугарскиот премиер Кирил Петков, напиша еврокомесарот за добрососедство и проширување на ЕУ Оливер Вархељи за средбата со бугарскиот премиер Петков.
Од Кабинетот на Петков за оваа средба издадоа само кратко општо соопштение без многу оптимизам околу датумот за С. Македонија со кој Вархељи денеска влезе кај премиерот Петков.
Вархеји во Софија треба да се сретне и со претседателот Румен Радев, како и со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.
Минатата недела претседателот Румен Радев изјави дека се зголемува притисокот од земјите-членки на ЕУ, Бугарија да го укине на ветото на преговарачката рамка за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.
Вчера и Европската Комисија повика преговорите со Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство, на 30 јуни, откако францускиот претседател Макрон во телефонските разговори со премиерот Димитар Ковачевски, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со бугарскиот претседател Румен Радев посочил дека Северна Македонија и Албанија треба брзо да се поттикнат да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив.






