Замрзнатите маржи и ослободувањето од ДДВ кај храната престануваат да важат по 31 мај. Во моментов Владата анализира дали ќе има нов пакет или ќе се продолжи со некоја од постоечките мерки, но замрзнување на цените нема да има.
Ефектот од таква мерка, според премиерот Ковачевски, би бил спротивен, затоа што најголем дел од производите се увезени, чии цени се во постојан пораст.
За да го заштити стандардот на граѓаните, Владата донесе сет мерки, каде дел од производите се продаваат по набавна цена, без ДДВ, а за дел се органичи маржата на 5, односно на 10%. Важноста на овие мерки истекува за две недели.






