Македонија вршела геноцид врз Бугарите, тврдел бугарски пратеник во Евро-парламентот.
Како што напиша на Твитер дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска, пратеникот во европарламентот Андреј Петров Слабаков рекол дека во Македонија се врши геноцид врз Бугарите и додал дека доколку стане членка, Македонија ќе биде тумор во пазувите на Европската унија.
Како што самата Милевска забележува, ова е јасен доказ колку се бесмислени изјавите на бугарските пратеници, кои ем навредуваат ем притоа ја обвинуваат токму Македонија за говор на омраза.





