Поглаварот на ПОА, Јован Вранишковски, денеска присуствуваше на литургијата за помирување која започна утрово во 9 часот во храмот Свети Сава во Белград, на која служеа Српскиот патријарх Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан.
Богослужбата се одржа во присуство на голем број граѓани на која по 55 години се обнови литургиската и канонската заедница на двете сестрински цркви, согласно одлуката на парламентот на Српската православна црква.
Изминатиот викенд српски медиуми информираа дека црквата на Јован Вранишковски која СПЦ досега единствено ја признаваше во Македонија, ќе се претопи во МПЦ-ОА, а тој ќе замине во пенизија порад нарушено здравје.





