Приказната за украинскиот претседател Володимир Зеленски, од комичар до воен лидер, се најде во стрип на TidalWave Comics, насловен „Политичка моќ: Владимир Зеленски“, објави Ројтерс.



На 22 страници се раскажува како Зеленски, кој некогаш глумеше претседател во комичен телевизиски серијал дојде на власт во 2019 година, ветувајќи дека ќе стави крај на војната со сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина. Тој немаше политичко искуство кога ја презеде функцијата како шести претседател на државата.

“Кој е тој? Зошто тој е вистинскиот лидер за Украина во моментов? Ова се работите за кои бев љубопитен кога го започнав проучувањето”, вели писателот Мајкл Фризел.