Младиот човек чие тело е пронајдено во Дунав е Матеј Периш, покажала ДНК анализата јави српски „Телеграф“
Причината за смртта на младиот сплиќанец е давење, покажала обдукцијата.
Неговото тело било извлечено од морнари вчераутро на местото наречено Ада Хуја.
Таткото на Матеј, Ненад Периш, вчера во неколку наврати стави до знаење дека починатиот помлад маж најверојатно е неговиот син.
Телото е пронајдено четири и пол месеци по исчезнувањето на сплиќанецот. Матеј исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември. Истрчал од клубот „Готик“, трчал низ белградските улици, се обидел да запре такси, а потоа, како што може да се види на снимка од надзорната камера на ресторанот „Саванова“, се спуштил по скалите кон Сава. Но, не се гледа дека влегол во водата.
После тоа почна голема потрага, а српската полиција со недели вршеше увид во Сава и Дунав. Истрагата беше проследена со бројни шпекулации, но и теории на заговор.







