За потребите на своите командни центри и единици, Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалетни кабини за 2,6 милиони денари или 42.276 евра за две години, односно по 1.761 евро на месец.
Ова е содржината на договорот со фирмата „МСС Мобилен санитарен сервис ДООЕЛ“ склучен на 13 мај по тендерот објавен на електронскиот систем за јавна набавка.





