Радев му се пожалил на Макрон дека Македонија не го почитува договорот од 2017

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, последиците од непријателствата во Украина и променетата безбедносна средина во Европа.



На овие теми во телефонски разговор разговарале бугарскиот претседател Румен Радев и неговиот француски колега Емануел Макрон, јавуваат бугарските медиуми.

Во интерес на стабилноста на Обединета Европа, секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги поддржува европските вредности поврзани со правата на нејзините граѓани, а Бугарија очекува дефинитивни резултати од Република Македонија во овој поглед пред да се согласи за почеток на преговори, изјавил за време на разговорот шефот на бугарската држава, пренесе прес-службата на Претседателството.

Румен Радев посочи и дека Бугарија и Република Македонија се договориле да изготват патоказ со краткорочни и долгорочни цели, чија имплементација ќе го унапреди процесот на европска интеграција на нашиот југозападен сосед, но се уште нема резултати во оваа насока. Претседателот го истакна и очекувањето на Бугарија за правно обврзувачки гаранции, кои ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Република Македонија и да се обезбеди спроведување на обврските преземени од Македонија.

Радев нагласи и дека неспроведувањето на Билатералниот договор за пријателство и добрососедство и соработка од страна на Македонија, 5 години по неговото потпишување, бара конкретни чекори и резултати, чија имплементација ќе ја врати и зајакне бугарската доверба.

Претседателот Емануел Макрон ја изразил подготвеноста на Франција да ја поддржи Бугарија со цел воздухопловните сили на нашата земја да не ги загубат своите одбранбени способности додека не ги добијат борбените авиони Ф-16 што ги предплати Бугарија.