Боцевски: Јунскиот рок на Борел е притисок само врз Македонија да попушти пред бугарските уцени

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел деновиве го одреди јуни како краен рок до кога треба да почнат преговорите на Македонија со ЕУ. Но, ова е само уште една во низата изјави и поставени рокови што доаѓаат од високи европски претставници, без да се уточни за кого се однесуваат овие рокови, оти Македонија уште одамна ги исполни критериумите за членство. Дали роковите што ги споменува Борел се однесуваат и за самата ЕУ, која мора да ги искористи сите механизми и да не дозволи самоволие, негрижност и газење врз принципите на меѓународното право, што го прави Бугарија?“ – вели Сашо Танески во својата анализа со наслов „Сите крајни рокови на ЕУ“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Таневски пишува. „Изјавите и роковите што ги даваат Борел, францускиот претседател Макрон и претседателката на Европската комисија Фон дер Лејен не го засегаат вистинскиот виновник за ова пробивање на роковите-Бугарија. Таа продолжува со политиката на уцени и блокади кон Македонија. Ако челниците на ЕУ сметаат дека пробивањето и на овој рок во јуни може да ги доведе односите на ЕУ со Македонија и со другите земји од Западен Балкан во криза, тогаш Брисел треба да биде свесен дека токму со својот пасивен однос кон Софија дозволува ЕУ да вплови во води што тука на Балканот многу лесно можат да се разбрануваат.“

„Коментирајќи ја последната изјава на високиот претставник на ЕУ за безбедност и надворешна политика Борел, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски вели: „Борел одредува рок во јуни, но за Македонија повеќе не пали ниту една од заканите, што доаѓаат од таму. Овој рок е поставен за Македонија и е притисок врз неа.’

„Боцевски смета дека роковите, што ги споменува Борел, се за да се притисне Македонија да ги прифати бугарските уцени. ‘Овие рокови се само потсетување дека Македонија треба да попушти во спорот со Бугарија. ЕУ не ја интересира што бара Бугарија, туку бара само решение и затоа не се насочува притисокот кон Софија. Ако Бугарија беше под притисок, Американците ќе ја откажеа посетата на Петков на Вашингтон. Тогаш Бугарија ќе беше во дипломатска изолација, но тоа не се случува.’ – појаснува Боцевски.“

Рок за почеток на пристапните преговори на Македонија даде и францускиот претседател Емануел Макрон, откако претходно го блокираше отворањето преговори со Македонија, заради воведување нова преговарачка методологија. Тој минатата година постави два рока, едниот 14 декември, до кога требаше да се реши проблемот со бугарското вето, и вториот до 31 декември, кога Македонија требаше да ги започне пристапните преговори. Рокови даваше и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лејен, која во септември најавуваше преговорите дека ќе започнат час поскоро.“

„По сите овие зададени и пробиени рокови, македонската јавност не очекува ништо ниту од овој јунски рок што го споменува Борел бидејќи Македонија веќе се навикна на разочарувањата и празните ветувања што стигаат од Брисел.“ – заклучува Таневски во својата анализа.

Интернет-врска до целата анализа:



https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/site-krajni-rokovi-na-eu/