Властите во Канада поднесоа предлог-закон во Сенатот со кој ќе се забрани влез на рускиот претседател Владимир Путин и околу 1.000 други членови на неговата влада и војската во земјата, објави Ројтерс.



„Забраната на влез на блиски соработници и клучни поддржувачи на режимот на Путин, вклучително и оние кои се одговорни за оваа неиспровоцирана агресија (врз Украина), е еден од многуте начини на кои ја наоѓаме Русија одговорна за нејзините злосторства“, рече министерот за јавна безбедност Марко Мендичино во изјавата.

Канада го санкционираше рускиот одбранбен сектор и стотици физички и правни лица, додека испраќаше оружје во Украина.

Претходно овој месец, за време на патувањето во Киев, премиерот Џастин Трудо вети повеќе оружје и опрема.

Како одговор на санкциите, Русија им забрани на Трудо, министерката за финансии Кристиа Фриланд и на речиси 600 други Канаѓани да влезат во земјата.