Михајловски се налути: Навреда е Талат да се спореди со уметници

Актерот Тони Михајловски ја коментира споредбата меѓу настаните во Собранието каде спикерот Талат Џафери направи скандал и театарот каде има висок морал и етика.



,,Морам да изреагирам на забелешката кон Талат дека правел театар во собрание наведувајќи дека тоа е навредливо за собранието.

Најголема навреда за нас тетарските работници и театарот е да не споредувате со собранието.

Собранието е политички циркус и тоа е неспорно. А циркусот е полн со кловнови, џуџиња, еквилибристи, конторционисти, брадести жени, голтачи на “сабји”, блујачи на оган, дресирани коњи и слонови, во ропство.

Театарот во споредба со вас е високо морална и етичка институција која ја оживува историјата, го негува јазикот на народот, ја продолжува традицијата и ниту едно национално предавство не е изгласано во него, за разлика од вашето собрание во кое се оверени сите предавства кон Македонија од неговото постоење до денес.

Оставете го театарот на мира. И онака никогаш или многу ретко сте влегле таму”, пишува во моментов најпопуларниот македонски актер.