Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер е отворен за идејата за конфискација на рускиот државен имот за да се финансира обновата на Украина, рече тој во интервју за германскиот деловен дневен весник Handelsblatt и три други европски весници, пренесе Ројтерс.
„Политички сум отворен за идејата за запленување на странски средства на Руската централна банка“, рече Линднер, додавајќи дека предлозите за таа цел веќе се дискутираат во Г7 и во Европската унија.
„Во случајот со приватните средства, мора да видиме што е законски можно“, додаде Линднер. „Мораме да го почитуваме владеењето на правото, дури и ако имаме работа со руски олигарси.






