Австрија не сака во НАТО, но не значи дека е неутрална!

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг вчера изјави дека Австрија не планира да се приклучи на НАТО.



„Имаме сосема поинаква географска ситуација“, изјави Шаленберг за новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

„Имаме и сосема поинаква историја и веруваме дека тоа мора да се земе предвид“, додаде тој.

Но, тоа не значи дека Австрија е политички неутрална… „Неутралноста не постои во случај на воена агресија“, рече тој, мислејќи на руската инвазија на Украина.

„Јасно ја зазедовме нашата позиција, ги поддржуваме сите санкции и правиме се“ што можеме за да ги поддржиме“, рече тој.