Четиристотини илјади евра е вредноста на воената и на хуманитарната помош за Украина што ја донира Владата на Црна Гора.
„Одговарајќи на молбата на Украина за давање помош во кризната ситуација настаната со агресијата на Русија врз оваа држава, Црна Гора ѝ упати воена и хуманитарна на пријателска Украина“, стои во соопштението на Министерството за одбрана.
Донацијата е реализирана во согласност со искажаните потреби од украинската страна.
„Во координација сио другите европски партнери и со сојузниците од НАТО, Владата на Црна Гора и Министерството за одбрана ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзините напори успешно да одговори на сите предизвици со кои е соочена поради руската воена агресија“, се додава во соопштението.






