Алсат: „Партиите се подготвуваат за избори – ВМРО ДПМНЕ ќе биде со секој, што е против ‘криминалната Влада“

„Во неофицијални околности и од владејачките партии велат дека Македонија ќе оди на предвремени парламентарни избори, ако не се добие датум за преговори во јуни, иако досега тврдеа дека со влегувањето на Алтернатива во Владата мандатот на извршната власт ќе трае до крајот, односно до јули 2024 година.“ – се наведува во статијата со наслов „Политичките партии неофицијално се подготвуваат за предвремени парламентарни избори“, која ја објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат пишува: „Движењето Беса нема да прави предизборна коалиција со ниедна македонска партија, а ќе соработува со која било партија од албанскиот политички блок, што има намера да ја испрати ДУИ во опозиција. Генералниот секретар на Беса Аријанит Хоџа вели дека досегашното искуство на неговата партија покажало, оти не се почитувале предизборните договори. Тој нагласува дека целта на Беса не е само власта, туку ефикасната борба против криминалот и корупцијата.“

„Коалицирање со македонските партии само по парламентарните избори и тоа со партнерски договор, заради раководење на државата согласно со општествената реалност. Во иднина нема да дозволиме визијата на Движењето БЕСА да да се користи како спас на македонските партии. Ќе продолжиме да ја градиме визијата за иднината на оваа држава преку содејство со целиот албански политички фактор, испраќајќи ја ДУИ во опозиција.’ – изјави Аријанит Хоџа.“

„За македонската опозиција ќе биде добредојдена за соработка ќе биде секоја албанска или македонска партија, која што има за цел да ја урне, како што велат, инкриминираната власт на СДСМ и ДУИ. ‘Кај нас е добредојден секој што е против оваа Влада на СДСМ-ДУИ, која е потоната во криминал, било да е тоа политички субјект, граѓански активист, или кој било друг, со кого споделуваме исти вредности.’ – нагласи Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ.“