Сали: Со 80-90 нови случаи на Ковид-19 на ден, мерките мора да останат

Министерот за здравство Беким Сали вели дека при секојдневн 80 до 90 новоинфицирани случаи постојните ковид мерки треба да останат, иако 99 отсто од нив се укинати.



„Со моментот на опуштање на мерките во врска со КОВИД -19 најавив дека постковид периодот е период што е многу значаен за сите граѓани, односно за здравствениот систем.

Најавив дека Комисијата ќе продолжи со работа, можеби не со истото темпо, меѓутоа со работа што ќе означува едно планирање како да се справиме со постковидот, дали ќе биде тоа еден објект во кој ќе се третираат сите постковид компликации кај пациенти или пак ќе бидат повеќе клиники ангажирани околу тие пациенти, како ќе ги третираме нив…

Една од целите ни е симулација на можна појава на петти бран ковид инфекции. Работиме на тоа. Моментално сме на планирање на третманот на постковид пациентите. Ова што го правиме сега е една од точките која е многу битна. Раната дијагностика на компликациите е половина третман за терапија“, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања.

Додаде дека се уште не одлучиле дали една клиника или повеќе оддели во одредени клиники ќе бидат одговорни за третман на постковид пациенти.